30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд бегалци од Босна и Херцеговина до милионери

Од бегалци од Босна и Херцеговина до милионери

pizza1

Двајца луѓе кои во текот на војната во Босна побегнале во Лондон, би можеле да заработат 3 милиони фунти доколку го продадат својот ланец на пицерии.

Аднан Меџедовиќ и Един Башиќ едвај зборувале англиски кога побегнале од Балканот во 1992 година. По неколку години работа во рестораните за брза храна и „Starbucks“, во 2001 година отвориле сопствена пицерија „Фиреца“ („Firezza“)- комбинација од зборовите „fire“ (оган) и „pizza“.

Ланецот на пицерии брзо се проширил на 11 локации ширум Лондон, помеѓу останатите ланци како што е „Notting Hill“ и некои други.

Аднан и Един одлучиле да го стават својот ланец на продажба, по цена од 6 милиони фунти. Продажбата се направила со посредување на консултантската компанија „Alaris Capital“.

Сопствениците на „Фиреца“ се надеваат дека една инекција од свеж капитал може да отвори можност одвој ланец да се прошири на 30 локации во Лондон, пред отварањето на нови ресторани во Манчестер, Бирмингем и останатите британски градови.

Специфичноста на „Фиреца“ е продажбата на наполитански пици на метар, и тоа успешно ја пополни дупката помеѓу ланецот ресторани како што се „Pizza Express“ и „Dominos“.

Инаку, нивната пица е вистинска италијанска пица, што значи исклучително тенка, а сите состојки ги набавуваат директно од Италија. Така, бафало моцарела сирењето им се носи директно од Италија еднаш неделно, а најпопуларните пици се „бафалина“ и „капричиоза“.

Иако биле последна година на студии по архитектура и градежништво кога ја напуштиле Босна, Един и Аднан сега пловат по потполно други води. Денес поседуваат 54 проценти од „Фиреца“ и се надеваат дека ќе заработат 3 милиони фунти доколку ја продадат целата компанија.

Ланецот на ресторани моментално остварува годишен приход од 1 милион фунти, а годишниот обрт изнесува 4,2 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП