Трговскиот ден на Македонска берза го одбележа четиринаесетата емисија на обврзници за денационализација со кои се реализираше повеќе од 30% од вкупниот 10,5 милионски промет.
Кај акциите единствени „милионери“ беа акциите на Алкалоид, НЛБ Тутунска Банка и Очна оптика Геталдус АД Скопје кои заедно остварија над 4,7 милиони денари промет.
Интересот на инвеститорите и денеска беше насочен кон акцијата на НЛБ Тутунска банка и Алкалоид АД Скопје, па така во текот на тргувањето бевме сведоци на солиден број куповни налози како кај едната, така и кај другата акција. Токму овие хартии од вредност се најдоа на добитничките листи со раст од 0,49% и 0,12%% соодветно, додека пак на спротивната листа, најголеми губитници беа акциите на Очна оптика Геталдус АД и Фершпед АД Скопје.
Индексот МБИ-10 денеска загуби 0,34% од својата вредност и заврши на 1.734,69 индексни поени, додека ОМБ завршија со раст од околу 0,13 %.