19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Еврозоната мора да воведе заедничка шема на заштита на штедачите

Драги: Еврозоната мора да воведе заедничка шема на заштита на штедачите

ITALY NAPLES ECB MEETING

Еврозоната мора да воведе заедничка шема на заштита на штедачите бидејќи недостатокот на таква реформа би можело да ги поткопа нејзините темели, предупреди претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

Иако ова не е првпат Драги да повикува на таков потег, неговото предупредување го засилува притисокот врз Германија и останатите да започнат преговори за тие прашања по повеќегодишниот застој. Официјален Берлин не сака германските банки да сносат одговорност за загубите во другите земји.

Доколку изостане таква безбедносна мрежа, би можело да се повтори грешката која е направена при осмислувањето на институциите на еврозоната во време на нејзиното основање, порача челникот на ЕЦБ во говорот во Франкфурт.

Иако 19 земји користат евро, земјите-членки сами управуваат со своите економии. На ЕЦБ, пак, му припадна задачата да печати пари за да се поттикне економијата на еврозоната, откако финансискиот колапс и должничката криза за малку не ја принудија Грција да излезе од зоната на единствена европска валута.

„Депозитите, како најраширен вид на пари, мораат да влеваат исто ниво на доверба независно од тоа каде се депонирани“, рече Драги, при тоа додавајќи дека на сопствениците на депозитите, кога ќе загусти, треба да им се гарантира еднаква заштита каде и да се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП