4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКембриџ програмата и за седмо, осмо и деветто одделение

Кембриџ програмата и за седмо, осмо и деветто одделение

kembridz programa 233

Од следната учебна година, учениците во седмо, осмо и деветто одделение, ќе учат по Кембриџ програмата. Што е овозможено со денешното потпишување на договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки.

Договорот го потпишаа директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ,  Мајкл О’Саливан и директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Адеми рече дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација на наставните програми подготвени од Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ.  Наставата по математика и природни науки, која започна во 2013-та година, успешно се реализира од прво до шесто одделение, и дава  исклучително позитивни резултати.

„Денеска таа соработка овозможува во целост да го заокружиме процесот во основното образование, преку потпишување на нов договор, кој предвидува преминување на следното имплементациско ниво на реформата, односно воведување на наставни програми по математика и природни науки за учениците од седмо до деветто одделение, кое ќе започне во учебната 2016/2017 година“, рече Адеми.

Владата и Министерството за образование и наука, во 2013 година го потпишаа првиот договор за соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, по што оваа крупна реформа прифатена од 160 земји и повеќе од 9.000 училишта, се имплементираше и во Македонија со воведување на новите наставните програми по математика и природни науки на национално ниво, првично за учениците од прво до трето одделение, а во следната фаза и за учениците од четврто до шесто одделение.

„Значењето на оваа реформа, е што со нејзиното имплементирање се воведува поголема интеракција во наставата, се развива самодовербата и критичкото мислење кај учениците, со што тие сами успеваат да дојдат до заклучоци и решенија на поставените задачи. Наставните програми и учебниците адаптирани на нашите национални особености и публикувани на македонски, албански, турски и српски јазик, се алатка која им помага на  наставниците да  ги насочуваат децата на логичко размислување. Како и наставниците кои предаваат од прво до шесто одделение, обука за успешна реализација на програмите по математика и природни науки, ќе поминат и нивните колеги кои по Кембриџ програмата од наредната учебна година ќе им предаваат на учениците во седмо, осмо и деветто одделение“, рече Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП