Во организација на Агенцијата „Марили“ вечерва ќе се одржи избор на 10-те најуспешни жени менаџери за 2012 година.
Целта на манифестацијата е да се промовираат вистинските вредности и позитивни примери во областа на бизнисот. Успешните менаџерки се од најразлични области и дејности во економијата и се избрани според утврдени критериуми.