28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за безбедноста на храната за сите заинтересирани во системот

Проект за безбедноста на храната за сите заинтересирани во системот

proekt-hrana

Агенцијата за храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, почнува реализација на проект „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“.

Почетокот на проектот, кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за заштита на потрошувачите, ќе биде означен во Тетово и Гостивар.

Ќе бидат промовирани и информативни и едукативни летоци наменети за потрошувачите кои се однесуваат на општите и посебните  означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења.

Во Гостивар ќе се одржи и трибина на која потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна, улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство во синџирот на безбедноста на храната, одговорноста на операторите со храна, вршењето на инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, а подетално ќе се информираат и за општите и посебните барања за означување на храната.

На трибината ќе присуствуваат претставници од Агенција за храна и ветеринарство, инспекцијата за храна, официјалните ветеринари, лабораториите со седиште во локалната самоуправа, операторите со храна, како и  претставници на локалната самоуправа, Организацијата на потрошувачите на Македонија, образовни институции и здруженија на граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП