21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи, Volkswagen го кочи германскиот индекс

Раст на европските берзи, Volkswagen го кочи германскиот индекс

berza frankfurt

Берзанските индекси на европските берзи пораснаа денеска, трет ден по ред, но германски DAX заостанува поради остриот пад на цената на акцијата на Volkswagen.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во плус 1 отсто, откако вчера зајакна 0,4 отсто.

Лондонски FTSE индексот истовремено беше во плус 0,80 отсто, на 6.436 поени, додека париски CAC зајакна 0,95 отсто, на 4.982 поени, а франкфуртски DAX 0,10 отсто, на 10.960 поени.

Поддршка на берзите им пружи вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит, втор ден по ред и скокот на Nasdaq на рекордно ниво.

Меѓу најголеми добитници изутрината беше акцијата на Glencore, со раст на цената за над 6 отсто, откако рударската компанија порача дека преку продажба на имот ќе ги намалува долговите и ќе ја зголемува ликвидноста.

Рударскиот сектор денеска е најголем добитник со просечен раст на цената за 2,4 отсто, бидејќи благодарение на надежите на инвеститорите во стабилизација на кинеската економија, пораснаа цените на сировините.

Меѓу најголемите добитници, со раст на цената за 3,5 отсто, се најде акцијата на Marks & Spencer, откако британскиот трговски гигант ја зголеми проценката на маржата за одделни сектори.

Германскиот индекс DAX денеска заостанува зад останатите индекси, како последица на падот на цената на акцијата на Volkswagen за над 8 отсто.

Вчера германската компанија објави дека на уште околу 800.000 автомобили на VW- биле откриени „необјасниви испуштања“ на јаглерод диоксид.

„Нова недела, нов шок околу VW. Сега во фокусот е јаглерот диоксид, што би можело да има последици и пошироко во секторот“, пишуваат аналитичарите на BNP Paribas во белешката до клиентите.

Цените на акциите на BMW, Daimler и Peugeot се намалија од 2 до 3 отсто, па автомобилскиот сектор денеска е единствениот губитник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП