20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГоран Трајковски си оди од УЈП, на негово место Кирил Миновски

Горан Трајковски си оди од УЈП, на негово место Кирил Миновски

goran-trajkovski-1132

Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски не е веќе на оваа функција откако на вчерашната седница Владата за нов директор на Управата го именувала Кирил Миновски.

Од Владата изјавија дека планирано е соработката со Трајковски да продолжи и натаму и тоа на друга одговорна функција.

Трајковски од август месец беше в.д. директор на Управата и продолжи да раководи со оваа институција откако Владата повторно го именуваше, со оглед на тоа што рокот за пријавување на јавниот оглас за избор на нов директор на УЈП беше истечен.

Оваа позиција е дел од политичкиот договор меѓу власта и опозицијата. Инаку, Кирил Миновски е досегашниот директор на пазарниот инспекторат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП