19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања на ресторанот ФОРЦА за безбеден сообраќај - „Дозволете услуга со...

Кампања на ресторанот ФОРЦА за безбеден сообраќај – „Дозволете услуга со приоритет на уживање“

forca 04

Денес (04.11.2015) во Форца Кафе бар и ресторан се оддржа прес конференција по повод кампањата „Дозволете услуга со приоритет на уживање“ наменета за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

forca 00

Кампањата е организирана од страна на Форца Кафе бар и ресторан во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот и патишта и Аутомотив Груп.

forca 02

Во текот на месец Ноември и Декември, ФОРЦА Кафе и Ресторан ќе нуди вредност плус за своите гости: превоз од дома до ресторан и од ресторан до дома за своите гости. Услугата има двојна намена:

forca 06

1. Да обезбеди дополнително уживање за гостите на Форца

2. Да овозможи постабилен, порегулиран и ефикасен сообраќај во Скопје.

forca 03

На прес конференцијата се обратија: Менаџерот на Форца Бар и Ресторан – Андреј Киселички, претставникот на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот и Патишта – Ристо Манчев и претставникот на Аутомотив Груп – Симона Николовска кои изјавија дека со голем ентузијазам влегуваат во овој проект и заеднички ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Скопје.

forca 05

Присутните новинари, во неформалниот дел од средбата уживаа, во маестралниот доручек на познатиот гастроном и готвач Шеф Влатко Огненовски.

Уживањето и безбедноста сепак можат да се спакуваат во една кампања која не само што ја зголемува вредноста на услугата на Форца Кафе Бар и Ресторан, туку истовремено праќа порака за освестување на возачите за одговорноста во сообраќајот особено во месеците пред новогодишните празници.

forca 07

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП