21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 „ситници“ кои се важни за напредокот во кариерата

5 „ситници“ кои се важни за напредокот во кариерата

2015-02-napredovanje_u_karijeri_655354406

Едноставни совети кои ќе ви помогнат да стигнете далеку…

Бидете точни

Доаѓањето некоја минута порано или барем навремено, остава позитивен впечаток за вас, бидејќи тоа зборува колку всушност работата ви е важна на вас и остава впечаток дека знаете да управувате со времето.

Изгледајте добро

Никогаш не си дозволувајте да оставите впечаток како штотуку да сте излегле од креветот. Ќе се случи и тоа некогаш, нормално, но обидете се да го избегнете таквото сценарио. Одвоете секое утро доволно време за освежување или туширање, избор на соодветна облека и здрав појадок кој ќе ви даде енергија.

Преземете одговорност

Тука пред се мислиме на неуспесите бидејќи така на останатите ќе им покажете дека можат да ви веруваат. Од друга страна, со префрлувањето на вината на другите ќе се покажете во целосно поинакво светло.

Избегнувајте сплетки

Интеракцијата на работното место е многу пожелна, но никако таа не смее да изгледа како епизода од некоја серија полна со сплетки и калкулирања. Озборувањето и жалењето од другите оставете го за вашата мајка, пријателите или вашиот партнер, а во канцеларијата фокусирајте се на работата.

Претставете нови идеи

Ако имате било какви предлози, кои можат да ја подобрат работата на вашиот тим или целата компанија, претставете ги! Понекогаш е потребно и да ризикувате, да излезете од зоната на комфорот и да поттикнете нешто ново. Така ќе покажете дека можете уште повеќе од она што го работите, што секогаш е добро. И да, секогаш давајте 100 проценти од себе, без оглед колку некоја задача е едноставна. Можеби тоа нема да се цени веднаш, но бидете сигурни дека кога-тогаш ќе биде ценето. Само бидете трпеливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП