15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува растот на Волстрит

Продолжува растот на Волстрит

volstrit56

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во вторникот, втор ден пор ред, благодарение пред се на јакнењето на енергетскиот сектор, додека индексот Nasdaq достигна највисоко ниво во историјата.

Dow Jones зајакна за 89 поени, или 0,50 отсто, на 17.918 поени, додека S&P 500 порасна за 0,27 отсто на 2.109 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,35 отсто, на рекордни 5.145 поени.

Најмногу вчера, за 2,5 отсто, порасна индексот на енергетскиот сектор, благодарение на растот на цената на нафтата.

Тоа е веќе петти ден по ред во кој енергетскиот сектор јакне, за што придонесоа и подобрите од очекувани квартални деловни резултати на најголемите американски нафтени компании. Цената на акцијата на Exxon вчера порасна за натамошни 1,8 отсто, а на Chevron за 3,3 отсто.

Иако енергетскиот сектор од средината на август скокна околу 22 отсто, во однос на почетокот на годината и натаму е во минус за околу 10 отсто поради ниската цена на нафтата.

„Инвеститорите бараат акции на кои им цените им паднале годинава, а кои може да претставуваат вредност. Берзата почна да расте како што се ближи крајот на годината, па инвеститорите се плашат да не заостанат“, рече Роберт Павлик, стратег во фондот Boston Private Wealth.

Шест од 10 сектори на S&P 500 индексот вчера забележаа раст. Меѓу добитниците беше и технолошкиот сектор, благодарение на растот на акциите на Applea за 1,1 отсто и на Microsoft за 1,7 отсто.

Тоа поттикна раст на индексот на Nasdaq над рекордно ниво кое беше достигнато за време на ‘dot-com’ треската во 2000 година.

И на европските берзи цените на акциите вчера проаснаа. Лондонски FTSE зајакна 0,34 отсто, на 6.383 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1 поен, на 10.951 поен, а париски CAC се зголеми за 0,41 отсто, на 4.936 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП