15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска иницијатива „Kупуваме балканско“

Германска иницијатива „Kупуваме балканско“

Woman Pushing Shopping Cart --- Image by © Royalty-Free/Corbis

Германците ја покренаа иницијативата „Kупуваме балканско“ со цел директно да се поврзат производителите од Западен Балкан со потенцијалните купувачи.

„Откривме целосно нови можности за развој на нашиот бизнис“, гласи само една од реакциите на бројните германски претприемачи кои учествуваат во програмата „Einkaufsinitiative Balkan“ (Иницијатива за набавка на стока од Балканот).

Иницијативата е покрената како резултат на минатогодишната Конференција за Западен Балкан во Берлин, а нејзини иницијатори се германското Здружение за логистичари и компании за набавка „BME“, германската економска и трговска комора DIHK и Владата во Берлин.

Целта на иницијативата е директно да се спојат производителите од регионот на Западен Балкан со потенцијалните купувачи, односно компаниите од Германија.

Во јуни во Минхен беше одржана и посебна конференција на која BME организираше повеќе од 400 директни разговори „во четири очи“ меѓу потенцијалните партнери.

Како што пишува „Deutsche Welle“, на одделни состаноци речиси 100 избрани компании од регионот на Западен Балкан се претставиле пред 22 потенцијални партнери во Германија. Во изминатите неколку месеци компании од БиХ, Србија и Хрватска добија 170 конкретни побарувања од германските купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП