3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Гугл: Ќе ја отстраниме здодевноста и бирократијата во нашата компанија

Основачот на Гугл: Ќе ја отстраниме здодевноста и бирократијата во нашата компанија

leri pejdz

Основачот на „Гугл“ (Google), Лери Пејџ, рече дека се надева дека неговата новоформирана компанија „Алфабет“ ќе стана синоним за иновации и дека од неа ќе успеат да ги отстранат монотонијата и бирократија.

„Компаниите имаат многу лоша рапутација. Нема многу луѓе кои во утринските часови кога ќе се разбудат велат „Сакам да работам во компанијата“. Тие го прават тоа бидејќи мораат“, изјави Пејџ вчера вечерта на собирот на списанието „Форчен“.

Основачот на „Гугл“ ја карактеризираше „Алфабет“, како начин да им се даде независноста на инженери и научници, која им е потребна да развијат производи кои ќе одбележат нова пресвртница, и дека ќе мораат да немаат ништо или речиси никаква врска со интернет пребарувањето и бизнис рекламирањето на „Гугл“.

Дваесет минутната презентација на Пејџ беше негова прва јавна изјава, откога во август објави дека „Алфабет“ ќе стане холдинг компанија на „Гугл“ и компанијата „мајка“ на ризични инвестиции, како автомобилите без возачи, обезбедување на интернет од балони на воздухот, уреди поврзани на интернет и медицински истражувања.

Пејџ сега е извршен директор на „Алфабет“, а челната позиција во „Гугл“ му ја препушти на својот важен соработник Сундар Пичај. „Алфабет“ во почетокот на октомври на берзата го замени „Гугл“.

Идејата за името „Алфабет“, според Пејџ, е предлог на другиот основач на „Гугл“, Сергеј Брин. Тој истакна дека во изборот имало и други имиња, но одби да каже кои се тие имиња во случај да не настанат уште нови компании.

„Избрано е вакво име затоа што не беше со цел да го засени „Гугл“ или другите брендови во нашето портфолио“, изјави Пејџ, додавајќи дека повеќе е наменето за персоналот, отколку на клиентите.

Како можен модел за „Алфабет“, Пејџ ја наведе холдинг компанија „Беркшир Хатавеј“ која милијардерот Ворен Бафет ја изгради од првеземања и инвестирање во широк спектар на индустрии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП