21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрославен Денот на општина Центар

Прославен Денот на општина Центар

општина-центар-прослава

Скопската Општина Центар во вторникот одбележа 39 години од воспоставувањето, со желбите и заложби на градоначалникот Андреј Жерновски, општината да биде „зелена, модерна и чиста“ општина.

Дваесет и еден најталентиран и најдобар ученик добија стипендии од Општината, а наградени беа и учениците на конкурсот за најдобра фотографија, ликовен цртеж и литературен состав.

„Општина Центар ќе продолжи да ги наградува младите таленти, бидејќи тие се нашата иднина. Она што е најважно за сите е да ја сакаме општината“, рече градоначалникот Андреј Жерновски, на прославата по повод Денот на општината, која се одржа денеска во основното училиште „Димитар Миладинов“.

Роденденот на општината беше и повод за потсетување на сработеното и на најзначајните проекти кои ја одбележаа изминатата година: отворање на новата, најсовремена и најголема градинка во Македонија, „Кочо Рацин“; изградба на нови детски игралишта; отворање на „Боемската илица“, реконструкција на улици и тротоари, проектите „Цел Центар на точак“ и „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП