23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковиси вели дека Грција покажува напредок

Московиси вели дека Грција покажува напредок

грција-знаме

Европскиот комесар за економија Пјер Московиси изјави во вторникот дека Грција покажува напредок во реформите, но дека уште постојат три до четири прашања кои треба да се решат во разговорите со Атина.

Еврокомесарот за економија Пјер Месковиси, кој престојува во Грција, не прецизираше на кои нерешени прашања мисли, но познато е дека Грција и нејзините доверители не се согласуваат околу тоа како да се реши проблемот со лошите кредити на грчките банки и како да се пронајдат дополнителни извори за државните приходи.

„Свесни сме дека следните денови и седмици мора да бидат усвоени нови мерки од вториот сет реформи и дека мораме да ги создадеме условите заклучени во првата ревизија. Искрено се надевам дека тоа може да се стори до крајот на годината“, изјави Московиси по разговорот со грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос.

Можам да потврдам дека на масата се уште три, четири проблеми… Веруваме дека во духот на компромисот состанокот на еврогрупата во понеделник ќе биде успешен“, додаде Московиси.

Грција годинава потпиша со меѓународните нова трета програма за надворешна финансиска помош во вредност од нови 86 милијарди евра, Кредиторите сé уште во целост не ја исплатија траншата од три милијарди евра во рамките на првата рата од 26 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП