21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на 70 партнери од Долна Нормандија и Македонија

Средба на 70 партнери од Долна Нормандија и Македонија

нор-мак

Во вторникот во Скопје започна дводневната годишна средба на Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, на којашто ќе се сретнат 70 партнери од Нормандија и Македонија, градоначалници, претставници на министерстсва, здруженија на граѓани, средни училишта, културни институции.

Целта на средбата е да се дискутираат досегашните и идните активности во рамките на оваа уникатна соработката.

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија веќе десет години поддржува проекти во областа на локалното владеење преку размени на двете територии во прилог на децентрализација и поддршка во процесот на интеграција на Македонија во Европска унија и станува сè побројна и поактивна од година во година.

Соработката меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија е поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија, министерството за надворешни работи на Франција, а програмата за соработка е координирана од страна на АЛДА – Европската асоцијација за локална демократија.

Во 2015 година во рамки на Соработката Долна Нормандија – Македонија беа одобрени 13 проекти кои се во тек на спроведување од страна на општини и здруженија на граѓани. Исто така, осум општини од Македонија се збратимени со локални власти од Нормандија и соработуваат со голем интензитет.

Започнаа да се спроведуваат и голем број активности на новата тема во соработката „Првата светска војна и Македонија“, меѓу кои голема меѓународна Конференција „Првата светска војна во колективната меморија – размена на искуства на Балканот“ кој ќе се одржи во Скопје на 5 и 6 ноември 2015 година.

Годишните средби на партнерите на соработката се сè побогати со нови искуства и партнерства од година во година. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија продолжува со динамичен интензитет и големи перспективи за иднината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП