15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан македонско-бугарски меморандум за повисоки стандарди во ревизијата

Потпишан македонско-бугарски меморандум за повисоки стандарди во ревизијата

мак-буг

Меморандумот за соработка со Комисијата за јавен надзор над овластените ревизори на Бугарија во Софија го потпиша Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) во согласност со своите утврдени цели и активности за унапредување и поставување повисоки стандарди на ревизијата како и повисок квалитет на ревизорските услуги, а во согласност со утврденото унапредување на меѓународната активност.

„Квалитетната ревизија е важен сегмент за донесување на инвестициска одлука. Инвеститорите бараат јасна слика за состојбата на компаните во нашата држава. Целта на Советот е преку стручни анализи и препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, да работи во насока на нејзино унапредување, да го потикнува придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизиската професија, како и да ја зајакне довербата на инвеститорите во податоците кои се објавени во годишните и консолидираните сметки на големите и средни трговци во Македонија“ рече Соња Ѓелова – Стојанова, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, по потпишувањето на Меморандумот.

Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) е самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија и истиот константно работи во насока на нејзино унапредување.

Советот е основан во втората половина на 2012 година согласно 8-та директива на Европска унија, со што истиот започна со својата работа како независно професионално регулаторно тело над вршењето на ревизорските услуги во Македонија. Кон крајот на 2013 година.

Од почетокот на 2013 година, во Македонија започна процесот на лиценцирање на друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори. При тоа паралелно се потпишуваа меморандуми за соработка до домашни институции, пред се со големите регулатори заради размена на искуства во проблематиката околу процесот на лиценцирање и регулирање на професијата.

Во втората половина на 2014 година, овој процес на лиценцирање е заокружен со што се утврдија минималните услови кои треба да ги исполнуваат друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори заради вршење на професионалните ревизорски услуги.

Во текот на 2014 година, СУНРРМ активно соработува и со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија , заради остварување на своите надлежности утврдени во Законот за ревизија.

СУНРРМ врз основа на потпишаните меморандуми за соработка со домашните институции, ја унапредува ревизорската професија и со тоа придонесува кон подобрување на квалитетот на ревизорските услуги.

Од своето основање до денес советот настојува да ги детерминира позитивните и негативните трендови во ревизорската професија на Република Македонија со цел да донесе соодветни одлуки и да пропише повисоки стандарди за искоренување на негативните трендови и за јакнење на позитивните трендови и унапредување на ревизијата и подобрување на квалитетот на ревизорските услуги.

Се нагласува дека во делот на меѓународните активности, СУНРРМ до сега има потпишано неколку Меморандуми за соработка со земјите од регионот и пошироко и тоа: Меморандум за соработка со Министерство за финансии на Република Српска,Босна и Херцеговина, Меморандум за соработка со Агенција (POB) во Албанија, Меморандум за соработка Агенција со Словенија, а претставниците на Советот зедоа активно учество и на меѓународни и домашни конференции, форуми и презентации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП