19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска Каменица: Започна изградбата на Дневен центар за лица со посебни потреби

Македонска Каменица: Започна изградбата на Дневен центар за лица со посебни потреби

kamenica-centar

Општина Македонска Каменица започна со изградбата на Дневен центар за лица со посебни потреби.

Дневниот центар што ќе биде изграден во непосредна близина на Детската градинка „Бамби“, зафаќа вкупна површина од околу 350 квадратни метри. Вкупната вредност на проектот е околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица. Фирма-изведувач е Хит Градба Еуростил од Македонска Каменица и целосна финализација на Дневниот центар се очекува кон средината на 2016 година.

Со реализацијата на овој проект ќе биде надминат деценискиот проблем на лицата со посебни потреби и конечно и тие ќе добијат свое катче во Македонска Каменица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП