22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата повторно е над 49 долари

Цената на нафтата повторно е над 49 долари

nafta 02

Цената на нафтата повторно во вторникот го надмина нивото од 49 долари за барел на светските берзи со оглед дека инвеститорите го искористија изостанокот на негативни вести како можност за враќање на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на нафтата порасна за 40 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,19 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргуваше по 31 цент повисока цена, од 46,53 долари.

Вчера и берзите ги притисна податокот за рекордното руско производство, дополнително зајакнувајќи ја загриженоста поради прекумерното снабдување, а товар беа и слабите изгледи на кинеската побарувачка.

Инвеститорите денеска го искористија фактот што немаше негативни вести за да се вратат на пазарот, толкува Бјорн Шилдроп од SEB.

„Многу се раширени проценките дека цената на нафтата ќе се одлепи од ниското ниво и ќе тргне по нагорен тренд и дека производството во државите кои не се членки на OPEC ќе се намали па некои само бараат можност за купување“, толкува Шилдроп.

Аналитичарите сепак предупредуваат дека прекумерното снабдување нема да се намали позначително со пад на американското производство. Проценуваат дека моментно се произведува еден милион барели нафта дневно повеќе од што е потребно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП