Македонската берза и денеска го продолжува позитивниот тренд којшто го започна со тргувањето во средата, минатата седмица и тоа со раст на МБИ-10 од 0,25 отсто.
Во позитива заврши и индексот ОМБ, со раст од 0,02 отсто. Вкупниот промет остварен на Македонска берза денеска изнесуваше 15,5 милиони денари.
Повеќе од половина од остварениот промет им припадна на блок трансакциите со акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје во износ од 4,6 милиони денари и акциите на „Скопски пазар“ во износ од 3,4 милиони денари.
Кај „Алкалоид“ АД Скопје денеска се истргува скромна количина од само 110 акции, а просечната цена изнесуваше 5.179 денари, што претставува пораст од 0,90 отсто.
Кај обврзниците за денационализација се тргуваше со вкупно четири емисии, при што се оствари вкупен промет од околу 1,3 милиони денари.
Акција со најголем пораст беше акцијата на „Окта“ АД Скопје со раст од 16,67 отсто, додека на спротивната страна најмногу од својата вредност загуби акцијата на „Прилепска пиварница“ Прилеп со пад од 4,58 проценти.