10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија се справи подобро од Германија во нејзината игра

Шпанија се справи подобро од Германија во нејзината игра

spanija ilustracija

Главниот економски советник на шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека Шпанија се справи подобро од Германија, кога станува збор за зголемување на извозот во рамките на структурите на еврозоната, објави „Bloomberg“.

Инфлацијата во Шпанија е побавна, отколку онаа во Германија во изминатите 24 месеци, што доведува до стабилен раст на конкурентноста, изјави Алваро Надал на настан кој денеска се одржа во Мадрид. Како резултат на тоа Шпанија предвиде „извонреден“ раст на сет на услуги кои ги продава во странство. Во исто време нејзиниот вкупен извоз во моментов е на второ место по Германија, како процент од економијата, додаде Надал.

„Важно е да продолжиме да играме по правилата на Германија. И во моментов се справуваме многу подобро од Германците во германската игра“, вели Надал.

На помалку од два месеци пред Шпанците да ја изберат следната влада, Рахој се обидува да ги убеди гласачите дека тој е единствениот лидер кој може да гарантира економско заздравување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП