ПочетнаКОМПАНИИНестле казнет со 20 милиони евра

Нестле казнет со 20 милиони евра

nestle1

Подружницата на Нестле во Германија мора да плати казна од 20 милиони евра поради нелегално здружување во картел и договарање на цените.

Уште поголем износ на казна е одреден и за нејзините конкуренти, компаниите Крафт Фудс Унилевер и Др. Еткер, кои поради истите причини беа казнети и во 2011 со 38 милиони евра, пишува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во таа прилика, Нестле доби намалување на казната поради соработка со властите, потсетува весникот.

Според соопштенито на Канцеларијата за заштита од конкуренцијата, Нестле направил прекршок поради договорот со трговците за зголемување на цената, особено на кондиторските производи, пијалоците и замрзнатите пици.

Канцеларијата исто така, го осудува и картелскиот договор помеѓу компаниите Нестле и Крафт, кој резултираше со зголемување на цените на инстант капучиното.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП