26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТодоров нуди бонус од 15.000 денари за гинеколог во Шутка

Тодоров нуди бонус од 15.000 денари за гинеколог во Шутка

зени-гинеколог

По протестниот перформанс на жените од Шуто Оризари којшто се одржа во вторникот пред Министерството за здравство, министерот за здравство, Никола Тодоров ги прими претставничките на Иницијатива на средба и им ветил дека веднаш ќе се најде решение и ќе им обезбеди гинеколог на жените од оваа скопска општина кои веќе две години немаат каде да одат на гинеколог.

Тодоров се обврзал дека уште во вторникот денес ќе се распише оглас за избор на матичен гинеколог, кој во целост ќе може да одговори на барањата и потребите на над 8.000 жени во репродуктивен период во општината Шуто Оризари, но и Ново Село. Како новитет е ветената финансиска стимулација на гинекологот во висина од 15.000 денари месечно, мерка која ќе трае две години.

До целосното завршување на процедурата за избор на матичен гинеколог, која се очекува да трае повеќе од два месеци, министерот се обврзал да изнајде механизми за да се обезбеди целосност на услугите. Времената мерка ќе обезбеди гинеколози од ГАК кои ќе доаѓаат три пати во неделата, со целосно работно време и кои ќе бидат во можност освен советување и ехо-прегледи, да ги нудат и извршуваат сите останати услуги, како следење на бременост, издавање упати, микробиолошки наоди и слично.

„По двегодишна битка за изнаоѓање на решение и отворање на ординација на матичен гинеколог кој во целост ќе може да одговори на барањата на заедницата, можеме да кажеме дека некои од овие мерки досега не покажаа соодветен резултат. Сепак, ветувањата на министерот Тодоров, особено финансиска стимулација на гинекологот ги сметаме за чекор напред во разрешувањето на проблемот. Во следниот период, внимателно ќе продолжиме да ја следиме состојбата и интензитетот на остварување на мерките на кои министерот Тодоров се обврза“, соопштуваат од Иницијативата на жените од Шуто Оризари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП