30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот стабилен

Азиските берзи пораснаа, доларот стабилен

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

По пет дена пад, на азиските берзи во вторникот цените на акциите пораснаа, благодарејќи на вчерашниот силен подем на Волстрит.

Берзанските индекси во Сингапур, Шангај, Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија во претпладневното тргување во вторникот беа во плус меѓу 0,2 и 1,3 отсто. Во Јапонија поради празникот берзата не работеше, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во позитива од 1,1 отсто, со што ја прекина петдневната негативна серија.

Азиските вложувачи беа охрабрени од понеделничкиот раст на акциите на Волстрит во сите сектори, што според аналитичарите покажува дека зајакнала наклонетоста кон ризици. Притоа индексите Dow Jones и S&P 500 скокнаа за околу 1 отсто, додека индексот Nasdaq го достигна највисокото ниво од 2000 година.

Економските показатели објавени во понеделникот не одушевија, но ниту разочара. Во октомври преработувачките активности во САД паднале на најниското ниво во последните две ипол години, ослабувајќи четврти месец по ред, но инвеститорите ги охрабри растот на новите нарачки. Исто така, градежните инвестиции во САД во септември го достигнале највисокото ниво за седум ипол години.

Позитивно на пазарите влијаеле и стабилизацијата на кинеските берзи, коишто во понеделникот беа под притисок на новите сигнали за забавување раст на втората според обемот светската економија.

Стабилните се и цените на нафтата и на сировини, што ги поддржува акциите во енергетскиот и во рударскиот сектор. Така, во вторникот претпладне вената на барел нафта на американскиот пазар се лиза за 5 центи, на 46,22 долари, додека цената на лондонскиот пазар стагнира околу 48,80 долари.

Ба валутните пазари, пак, преовладува претпазливост додека се очекуваат новите вести кои би можеле да ги поттикнат шпекулациите дали американската централна банка до крајот на годинава ќе ги зголеми каматните стапки.

Од друга страна, пак, по подобрените економски показатели од еврозоната, се појавија дилемите дали Европската централна банка (ECB) би требало дополнително да ја олабави монетарната политика. Еден од функционерите на ECB, Евалд Новотни во понеделникот изјави дека Банката е во право што го разгледува зголемувањето на програмите за купување на обврзниците за да го поттикне растот на инфлацијата, но дека треба да биде многу претпазлива пред да преземе нешто.

Така курсот на еврото во вторникот претпладнето кон американската валута се движи околу 1,1015 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 1,1035 долари. Доларот благи зајакна и во однос на јапонската валута на 120,65 јени, наспроти вчерашните 120,30 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП