
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во вторникот донираше играчки за сите градинки во Карпош.


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во вторникот донираше играчки за сите градинки во Карпош.
Донацијата е во рамките на одбележување на роденденот на Општина Карпош 3-ти Ноември.
„На наше големо задоволство и радост, 39-от роденден на Општина Карпош го славиме заедно со нашите најмлади жители во предучилишните установи. Тука сме во градинката „Пролет“ во Козле, да ги поделиме нашите подароци, а тоа се дидактички играчки кои се методолошки и еколошки во согласност со европските стандарди. Поделивме подароци на сите десет клона и ова ќе го правиме повторно, сукцесивно, секои шест месеци, сé со цел за наредните две до три години да се обнови и зголеми бројот на играчки кои ќе го имаат децата, и сите градинки да бидат опремени со нив. Мислам дека задоволството кај децата е евидентно и секако и ние сме среќни кога правиме нешто добро за нашите најмали жители на општина Карпош“ , рече општинскиот татко.
За возврат, присутните дечиња од градинките на градоначалникот му го честитаа роденденот на Општината со песнички и стихотворби за есента и здравата храна.