18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија може да ја тужи Украина поради контроверзниот долг од 3 милијарди...

Русија може да ја тужи Украина поради контроверзниот долг од 3 милијарди долари

rus ukr gas

Русија најверојатно ќе се обрати до судот поради контроверзниот украински долг од 3 милијарди долари. Ова го соопшти пред новинарите заменик министерот за финансии на Русија, Сергеј Сторчак.

„Опција во кој страните се согласни надвор од судскиот процес, секогаш постоела во било какви граѓански односи. Друга работа е под кои услови и под какви околности“, коментира Сторчак.

Тој додаде дека ако украинската страна не ги изврши потребните плаќања во декември, ќе стартуваат „сите процедури поврзани со поставените услови“.

Потсетуваме дека Украина започна постапка за реструктуирање на долгот, дел од кој се и обврзници од 3 милијарди долари со рок на достасување во декември, по што Киев треба да оствари плаќања кон Москва.

Киев смета дека рускиот долг е трговски и тврди дека тој мора да биде третиран како и секој друг, вклучен во преструктуирањето. Русија тврди дека тој треба да се гледа како „државен“ долг. Ова сепак во пракса значи дека ако Украина не го оствари плаќањето кон Русија на обврзниците, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) треба да ја прекине помошта кон земјата.

Владата на Украина и предложи на Москва договор со краен рок 29-ти октомври. Двете земји сепак не успеаја да се договорат во овој период. Пред тоа премиерот на Украина Арсениј Јаценјук предупреди дека неговата земја е подготвена да ја бара правата во судот.

Сторчак коментира дека лансирањето на судска постапка не е толку лесно и бара време.

Претходно, министерот за финансии Антон Силуанов посочи дека неговото министерство не учествува во постапката за реструктуирање на долговите на Украина. Тој инсистира дека долгот на Киев кон Москва не може да се поистовети со долговите кон приватните кредитори, бидејќи е со различен статус. Според него украинските власти постојано се информирани од руска страна дека Русија очекува Украина да го отплати долгот на обврзниците целосно и навреме.

Силуанов исто и се закани на Украина со суд, ако плаќањето не биде спроведено навреме и во целост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП