3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанките на Кипар почнуваат со работа, но со исклчително ограничен режим

Банките на Кипар почнуваат со работа, но со исклчително ограничен режим

banki-kipar

Банките на Кипар денеска отвараат во 11 часот и ќе работат до 17 часот во услови на исклучително ограничен режим на повлекување пари, воведен од Централната банка, со цел да не се дозволи масовно истекување на капиталот.

Повлекувањето на пари од шалтерите и банкоматите се ограничува на 300 евра дневно по лице и по банка. Плаќањата и паричните трансакции за странство не можат да надминат пет илјади евра месечно, а луѓето кои го напуштаат островот ќе можат да изнесат најмногу илјада евра.

Забрането е претворање во готовина на банкарските чекови, а орочените депозити не смеат да бидат повлекувани предвремено.

Дозволени се трговски операции со трансфер кон странски сметки без ограничувања до сумата од пет илјади евра, но со доставување на документи за потврда на зделката.

Операции во вредност меѓу пет илјади и 200 илјади евра ќе се извршуваат само со согласност на специјален контролен орган. Зделките над 200 илјади евра ќе можат да се реазлизираат со претходна согласност на контролниот орган и по проверка за постоење на потребната ликвидност на кредитната институција.

Членови на семејството ќе можат да испраќаат пари за плаќање на образованието или за издржување на свои роднини до пет илјади евра на три месеци.

Европската унија на предлог на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо одлучи да состави специјална акциона група за да им помогне на кипарските власти при обновувањето на економската и социјалната стабилност на земјата.

Во интервју за кипарската државна телевизија министерот за финансии Михалис Сарис не ја исклучи можноста во Кипар да има нови скратувања на платите и пензиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП