13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве кога е вистинското време да испратите мејл доколку сакате да добиете...

Еве кога е вистинското време да испратите мејл доколку сакате да добиете одговор

shutterstock_87109075

Ако сакате некој да ви одговори на мејлот не е важна само содржината на пораката туку и времето кога е испратен, покажува неодамнешното истражување.

Имено, најдобри шанси да добиете одговор имаат мејловите кои лицето со кое се допишувате ќе ги прочита рано наутро, околу 7 часот наутро или оние кои го прочитале на крајот од работниот ден, околу 16 или 17 часот.

Една од причините е фактот што преку ден добиваме илјадници „спамови“ и мејлови кои не гушат, па мејловите најчесто ги отвораме и ги читаме, но не одговараме на нив, а на сето ова влијае и обемот на работата кој единствено на почетокот и на крајот на работното време е малку помал.

Истражувањата покажаа дека во текот на работните денови во просек отвораме 66 проценти од пристигнатата електронска пошта, но одговараме на само 40 проценти, а на една третина од пораките одговараме веднаш.

Оние кои не се во состојба да станат рано со цел да испратат важна порака можат да искористат некоја од апликациите со чија помош можат да го програмираат испраќањето на мејлот.

Во работните денови луѓето одговараат на 40 проценти од мејловите, а за време на викендот на 45 проценти од примените мејлови, покажа анализата на речиси половина милион мејл пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП