2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЦИА советува како да го „излудите“ шефот и колегите

ЦИА советува како да го „излудите“ шефот и колегите

office-boss-đef-640x330 (1)

ЦИА неодамна објави некогаш таен документ под називот „Едноставен водич за саботажа на терен: Стратешка служба“, во кој дава совети како да се уништат компаниите.

Интересно е што оваа техника за саботажа може да се примени во многу компании во кои инаку нема шпиони.

Еве какви инструкции добивале шпионите саботери:

1. Кога е можно, сите работи упатувајте ги до комисиите на „понатамошно проучување и разгледување“. Обидете се да направите што е можно поголеми комисии со не помалку од пет членови.

2. Започнувајте ирелевантни теми колку што можете почесто.

3. Правете се дека погрешно сте ја разбрале наредбата. Поставете безброј прашања и вклучете се во други преписки за таквите наредби. Жалете се на нив секогаш кога можете.

4. Цепидлачете за прецизната употреба на зборови во комуникацијата и извештаите.

5. Бидете неразумни и барајте од вашите колеги да бидат „разумни“. Избегнувајте расправии кои можат да ве вовлечат во невоља или да ве посрамотот пред сите.

6. Не нарачувајте нови материјали за работа, се додека постоечките залиги не ви бидат целосно исцрпени. Така и најмалото одложување на исполнувањето на вашите наредби ќе значи гаснење.

7. Со цел да го намалите еланот на вработените, а со тоа и продуктивноста, бидете пријатни кон најмалку ефикасните работници и давајте им унапредувања кои не ги заслужуваат. Дискриминирајте ги ефикасните работници и жалете се од нивната работа.

8. Пополнувајте ги формуларите нечитливо, така што работата ќе мора повторно да се обави, правете грешки или прешкртајте ги задолжителните полиња.

9. Ширете вознемирувачки гласини така што ќе звучат како „инсајдерска“ дојава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП