7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 40 отсто од кинеските производи кои се продаваат онлајн се фалсификати...

Над 40 отсто од кинеските производи кои се продаваат онлајн се фалсификати или се со лош квалитет

china-products

Над 40 отсто од работите продадени преку интернет во Кина минатата година биле или фалсификувани или со лош квалитет, извести агенцијата Ксинхуа укажувајќи на размерите на проблемите поради кој дојде до застој во брзорастечкиот онлајн сектор.

Според извештајот, кој е поднесен пред кинеските пратеници во понеделникот, нешто помалку од 59 отсто од работите продадени онлајн минатата година биле оригинални или со добар квалитет.

Кина настојува да се реши од лошиот глас кој ја следи поради фалсификување на производи, што им претставува големи проблеми на глобалните брендови, на кои Кина им е целен пазар, како произведувачот на iPhonea Apple и на францускиот концерн на луксузни производи LVMH.

Во извештајот се повикува на „забрзано носење на закон во подрачјето на е-трговија, подобрување на надзорот и разјаснување на правата на потрошувачи и одговорност на трговците“.

Онлајн продажбата забележа огромен раст во минатата година, кога се зголеми за 40 отсто на 441,84 ,милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП