17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најпопуларните конгресни градови?

Кои се најпопуларните конгресни градови?

suit

Овие пет градови не се само глобални туристички дестинации, туку и често одредиште за деловните туристи. Така, тие го добија статусот најпопуларни конгресни градови.

Сингапур

Најпопуларниот град во светот за конгреси и конвенции девет години по ред, а и не покажува знаци дека ќе ја загуби оваа титула во брзо време. Островската држава Сингапур е една од најмалите во светот, но тоа го надокнадува така што има најголема присутност во индустријата на деловните настани со повеќе од 130 светски конгреси годишно.

Виена

Домаќин на повеќе од 2.000 големи собири и случувања годишно, Виена е втората најпопуларна меѓународна дестинација за средби и настани. Австрискиот град има три конгресни центри, а повеќе од 85 конференциски хотели им даваат на проектантите простор за речиси секакви потреби.

Барселона

Вториот по големина град во Шпанија – Барселона не може да биде број еден на оваа листа, но е на добар пат. Еден од нејзините најнови „удари“ е потпишувањето на договор на седум години за одржување на Светскиот конгрес GSMA Mobile (2012-2018), најголемото случување во мобилната индустрија, а со тоа и насловот „Mobile World Capital“.

Париз

Гредот на светлината блеска поради фактот дека бил домаќин на 954 светски конгреси во 2010 година, што е рекорд за Париз.

Берлин

Берлин е домаќин на повеќе од 113.000 случувања во годината, што е особено импресивна бројка кога ќе земете во предвид дека активно започнал со маркетинг на конгресната индустрија во 2001 година. Повеќе од 9,1 милион деловни патувања во Берлин, како и отворањето на новиот аеродром „Berlin Brandenburg“ во 2012 година, само ќе ја зголемат оваа бројка уште повеќе. Берлин, инаку, е светски пазарен лидер во медицинските конгреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП