17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се „bleisure“ туристите?

Кои се „bleisure“ туристите?

biznis turisti 33

Бизнис туризамот забрзано станува начин на живот за многумина, па линијата меѓу бизнис и туристички патувања е се потенка.

Поради тоа во светот како тренд започнува да доминира „bleisure“ туризам, кој претставува комбинација на „business“ и „leisure“ туризам.

Па така бизнис туристите кои практикуваат поврзување на бизнис и приватното патување се наречени „bleisure“ туристи.

Некои истражувања покажуваат дека дури 65% од бизнис туристите во светот го продолжуваат својот претстој (по завршување на работните обврски) со цел да ја запознаат дестинацијата во која допатувале, додека повеќе од половината често со себе земаат и членови од семејството.

Бројот на ваквите туристи без сомневање ќе биде во уште поголем пораст во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП