20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи растот на Волстрит

Продолжи растот на Волстрит

volstrit-berzi

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во понеделникот, а индексот Nasdaq скокна на највисоко ниво за последните 15 години, со што продолжи нагорниот тренд од октомври.

Dow Jones зајакна 165 поени, или 0,94 отсто, на 17.828 поени, додека S&P 500 скокна 1,19 отсто, на 2.104 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,45 отсто, на 5.127 поени, највисоко ниво во последните 15 години.

Откако во октомври овие индекси скокнаа за над 8 отсто, што е нивен најголем месечен скок за четири години, вчера на Волстрит продолжи трендот на нивен силен раст.

Притоа цените на акциите пораснаа во сите 10 сектори од S&P 500 индексот, а најмногу, за 2,4 отсто во енергетскиот сектор, што се должи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на најголемите американски нафтени компании.

Цената на акцијата на Exxon скокна над 3, а на Chevron над 4,5 отсто.

Индексот на здравствениот сектор зајакна, пак, 2 отсто, а следеше финансискиот сектор со раст од 1,6 отсто.

Економските показатели вчера не импресионираа, но ниту разочараа. Во октомври активноста во преработувачката индустрија во САД падна на најниско ниво за две ипол години, но инвеститорите ги охрабри растот на нови нарачки.

Во Германија, пак, индустриската активност е посилна од очекуваното, додека индустрискиот сектор во централна и источна Европа продолжи силно да расте.

„Добрите бројки од странство, заедно со солидниот извештај за активностите во САД, се чини дека претставуваат добар коктел кој ја поддржа берзата“, вели Марк Лушини, стратег во компанијата Janney Montgomery Scott.

Од половината на август, кога потона на најниско ниво во оваа година, S&P 500 индексот порасна за речиси 13 отсто, па вчера се проби над психолошки важното ниво од 2.100 поени.

„Нагорниот тренд воспоставен во последните недели и натаму е на сила. Сметам дека денеска немаше некој посебен придвижувач на берзата. Очигледно јакне сколоноста кон ризик“, смета Мајкл Џејмс директор во компанијата Wedbush Securities.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,01 отсто, на 6.361 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми 0,93 отсто, на 10.950 поени, а париски CAC 0,38 отсто, на 4.916 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП