20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛиста на најпросперитетните земји во светот, еве каде се наоѓа Македонија

Листа на најпросперитетните земји во светот, еве каде се наоѓа Македонија

aaab

Извештајот кој опфаќа 142 земји го состави британскиот ,,Legatum institute”, како би го оценил просперитетот, каде се опфатени осум критериуми: економија, претприемништво, влада, образование, здравје на населението, безбедност, лична слобода и општествен капитал.

Норвешка е повторно прогласена за најпросперитетна земја во светот, покажа и овогодишното истражување, додека Македонија се наоѓа во жолтата зона на 65то место.

ma

После Норвешка следи Швајцарија, додека Данска е на третото место. САД е на 11то место, а Велика Британија е на 15то место. Најјаката економија, Сингапур падна на 17то место поради лошото ниво на лична слобода и социјална кохезија.

Во регионот, Македонија се наоѓа на листата пред Србија, која се наоѓа во црвената зона на 73то место, потоа Албанија на 83то место и Босна и Херцеговина на 86та позиција.

Словенија е убедливо најпросперитетна од поранешните југословенски републики, со пласман на 25то место, Хрватска на 53то место и Црна Гора на 60та позиција.

Најпросперитетни земји во светот:

1.Норвешка

2.Швајцарија

3.Данска

4.Нов Зеланд

5.Шведска

6.Канада

7.Австралија

8.Холандија

9.Финска

10.Ирска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП