10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏоан Роулинг најави нова книга за деца

Џоан Роулинг најави нова книга за деца

џоан-роулинг

Британската писателка Џоан К. Роулинг, автор на извонредно популарната серија романи за Хари Потер, најави дека пишува нова книга за деца.

Како што потсетува весникот The Telegraph, Роулинг ја заврши последната книга за малиот волшебник Хари Потер во 2007 година, и оттогаш пишува само книги за возрасни, а некои од нив ги објави под псевдонимот Роберт Галбрајт.

„Не се осмелувам да ви го кажам точниот датум, бидејќи нештата се менуваат, а во моментов, исто така, пишувам и сценарио. Но јас дефинитивно ќе напишам повеќе романи под името Џ.К. Роулинг. Напишав дел од книга за деца, којашто мене многу ми се допадна. Сигурна сум дека ќе ја завршам“, ја цитира весникот изјавата на најплатениот автор на детска литература во светот.

„Понекогаш стравувам дека ќе умрам пред да ги напишам сите (книги). Тоа е мојата криза на средните години, дека ќе ја напуштам земјата пред да ги напишам сити“, додава Роулинг, без да открие поединости за содржината на своето ново дело.

Џоан Роулинг е авторка на седумте книги за Хари Потер издадени во периодот од 1997 до 2007 година, кои се преведени на 65 јазици, отпечатени во вкупен тираж од повеќе од 400 милиони примероци. Во 2011 година беше екранизирани последниот дел од серијалот работен по сториите за малиот волшебникот. Во моментов брендот „Хари Потер“ е проценет на 7 милијарди британски фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП