5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРекордна заработка на новиот филм за 007 во првата седмица од прикажувањето...

Рекордна заработка на новиот филм за 007 во првата седмица од прикажувањето во Британија

007-џејмс-бонд

Најновиот филм од франшизата Џејмс Бонд – „Spectre“, во првата седмица од прикажувањето во Велика Британија успеал да заработи повеќе од 41 милиони фунти, што е најдобриот резултат меѓу сите филмови во Обединетото Кралство, објави во понеделникот продуцентот на 24-то продолжени за тајниот агент во служба на Нејзиното Височество.

Со ова „Spectre“ успеа значително да го надмине досегашниот рекорд од 2004 година на филмот „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ (Harry Potter and the Prisoner of Azkaban), кој за првата седмица од прикажувањето во Велика Британија заработи 23,8 милиони фунти, што до неодамна беше најдобрата заработка за филмовите чие прикажување започнува во понеделник.

Покрај тоа, „Spectre“ значително според заработката го надминува и својот претходник од серијалот за Бонд – „Skyfall’, кој во 2012 година во првите седум дека заработи 20,1 милиони фунти. Вкупната заработка на 23-то продолжение досега надмина милијарда американски долари.

„Благодарни сме ѝ на британската публика, на сите обожаватели на Џејмс Бонд, затоа што почетните резултати на нашиот филм влегоа во историјата“, објавија продуцентите на „Spectre“, Мајкл Вилсон и Барбара Брокколи. „Тоа едноставно е неверојатно“, се додава во соопштението на извршниот директор на студијата „Metro-Goldwyn-Mayer Pictures“, Гери Барбер.

Почетокот на прикажувањето на филмот во режија на Сем Мендез во киносалите во САД и другите голем пазари е закажан на 6-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП