20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМудис го намали максималното ниво на кипарскиот долг

Мудис го намали максималното ниво на кипарскиот долг

mudis-kipar

Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ доцна синоќа ја намали својата оценка за максималното ниво на кипарскиот домашен долг на ниво Цаа2, од Цаа3, поради опасноста земјата да излезе од еврозоната, пренесува ДПА.

Максималното ниво на кипарскиот кредитен долг „Мудис“ го одредува врз емитентот на кипарскиот домашен долг и го покажува ризикот на комапниите на територијата на земјата и инвеститорите кои работат со нив.

Агенцијата може идната недела да го промени кредитниот рејтинг на Кипар врз основа на промената на рејтингот на кипарскиот долг, се наведува во соопштението на „Мудис“.

Рејтингот на кипарските владини обврзници останува непроменет на нивото Цаа3, со негативна прогноза.

Ризикот од излез на Кипар од еврозоната останува „значаен“, но сепак засега не претставува централно сценарио на „Мудис“. Поради економските проблеми, проследени со преструктурирање на двете најголеми кипарски банки и воведувањето контрола на капиталот, сепак постои опасност од излез на земјата од еврозоната, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП