20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаздвижено на стартот од трговската недела на Македонската берза

Раздвижено на стартот од трговската недела на Македонската берза

mak berza2222

Почетокот на оваа трговска недела Македонската берза го започна со пораст на индексот МБИ- 10 од 0,48 отсто со што заврши на 1736,15 индексни поени.

Вкупниот промет изнесуваше 8.651.896,90 милиони денари остварен преку 89 трансакции. Од листата на добитници се издвои акцијата на „Винарска визба Тиквеш“ Скопје со раст од 14,07 отсто при 17 истргувани акции по просечна цена од 1.711 денари. Веднаш по неа се најде акцијата на „Македонски Телеком“ Скопје со раст од 7,38 проценти. Кај ‘губитниците’ прва на листата се најде акцијата на Охридска банка Скопје со пад од 6,59 отсто.

За обврзниците денес имаше мал интерес, па така вкупниот промет со нив изнесуваше само 174.735 илјади денари од кои над 95 отсто беше остварен со обврзниците од деветтата емисија.

По објавувањето на деветмесечените неревидирани финансиски извештаи на Стопанска банка АД Скопје, во кој е евидентирана добивка за финансиската година за период од 01.01. – 30.09.2015 од преку 26 милиони евра, акцијата денеска го зазеде четвртото место со промет од 585.700 илјади денари и пораст 2,97 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП