5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмени на Законот за поефикасен рамномерен регионален развој

Измени на Законот за поефикасен рамномерен регионален развој

sobranie-sala

Со предложените решенија во измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, ќе се обезбеди поголема ефикасност во функционирањето на носителите на политиката на рамномерниот регионален развој и самоодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој закон, кој денеска е на дневен ред во Собранието.

Измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, предвидуваат промени во постојниот систем на финансирање на Центрите за развој на планските региони.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и едногласно ќе ги поддржи измените на Законот за рамномерен регионален развој со што Владата на Република Македонија преку Министерството за Локална самоуправа ќе им помогне на планските региони за нивно опстојување и побрз и подобар развој“, соопштија од пратеничката група.

Преку измените на Законот за рамномерен регионален развој се предвидува склучување на договор за соработка со кој ќе бидат утврдени конкретните активности и задачи на Центрите за развој на планските региони и начинот на финансирање на активностите. Исто така се предвидува можност Центрите да склучуваат договори со други субјекти заради реализација на активности со претходно обезбедено позитивно мислење од Министерството за локална самоуправа.

Измените и дополнувањата на овој закон предвидуваат обврска Центарите за развој на планските региони да поднесуваат годишен извештај за своето работење до Советот за развој на планскиот регион и до Советите на единиците на локалната самоуправа. Дополнително се дава можност за поврзување на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за поттикнување на рамномерниот регионален развој со средства од донации и спонзорства.

Со предложените решенија ќе се обезбеди поголеми ефикасност во функционирањето на носителите на политиката на рамномерниот регионален развој и самоодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони.

„Како претставници на граѓаните во законодавниот дом, сметаме дека овој закон е од голем интерес и значење за развој на општините како и од голема помош за Центрите за развој на планските региони, така и за локалните власти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со донесувањето на овој закон во 2007 година се допринесе за побрз и поефикасен развој на многу општини во Република Македонија преку реализација на многу проекти како за урбаните така и за руралните средини кои беа на барање и во корист на граѓаните на Република Македонија, додека пак со последните измени и дополнувања на овој закон уште повеќе се очекува подобрување и зајакнување на работата на овие Центри за развој на планските региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП