Во рамките на месецот на книгата „Ибер вил Битола“ заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола започна со спроведување на проектот „На чекор до тебе – Книга за секое дете“.
Проектот се состои во поддршка на социјално загрозените и ранливи категории деца за бесплатно членство во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Кон иницијативата вклучени се сите основни училишта кои ќе добијат ваучери за бесплатно членство и кои ќе ги доделат на учениците кои им се најпотребни.
Проектот произлезе како резултат на потребата за поголема популаризација и промоција на читањето книги, истите да се достапни за сите деца со цел правилен интелектуален развој и полесно совладување на наставните содржини.
Организаторите очекуваат дека кон иницијативата ќе се придружат и други организации и институции со уплата на членарината.