18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо последните 15 години од Србија се отселиле милион луѓе

Во последните 15 години од Србија се отселиле милион луѓе

srbija

Србија во изминатите 15 години изгубила скоро милион луѓе поради одливот во странство и лошата популациска политика, изјавила во понеделникот српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ, пренесува Танјуг.

„Од Србија од 2000-та година си отидоа околу 300 илјади луѓе, а годишно во тој период губевме и до 30 илјади поради малиот прираст, така што кога ќе го собереме сето тоа гледаме дека сме изгубиле скоро милион луѓе во последните 15 години“, изјавила српската вицепремиерка, нагласувајќи дека моменталната невработеност кај младите изнесува 43 проценти од вкупниот број на невработени во Србија.

Михајловиќ порачала дека управувањето со интелектуалните и човековите ресурси се многу поважни од управувањето со било кои други видови на ресурси, како и тоа дека е потребно да се промени популациската политика и образовниот систем.

„Од друга страна, Србија во последната година се буди, имаме економска состојба која ни дава можност да размислуваме на целосно поинаков начин и сите тие луѓе да ги задржиме во нашата земја“, рекла Михајловиќ.

Српска вицепремиерка, која е министерка за сообраќај и инфраструктура, додала дека Србија покрај постојан економски раст мора да има и јасна образовна политика и насоченост кон иновациите.

„Управувањето со интелектуалниот капитал е најважно и сметам дека Србија не работеше доволно на ова изминатиот период. Се надевам дека заедно ќе направиме резултат кој подразбира промена на образовниот систем и дека нашите луѓе ќе останат тука и ќе дадат придонс кон економскиот раст. Можеме во таа област да бидеме силни како и другите држави“, заклучила српската министерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП