7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје ќе дели садници на месни заедници и куќни совети

Град Скопје ќе дели садници на месни заедници и куќни совети

sadnici drva 00

Градот Скопје денеска соопшти дека ја продолжува традиционалната есенка акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто ќе додели 2.000 дрвца од ЈП „Паркови и зеленило“.

Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП „Паркови и зеленило“.

Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од месната урбана заедница.

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу 10 садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 3-ти до 13-ти ноември 2015-та година, а од 16-ти до 25-ти ноември субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за доделените садници.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира веќе осум година во две етапи, односно напролет и наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП