22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМозамбик станува нова гасна сила

Мозамбик станува нова гасна сила

mozambique-oil-and-gas-discovery-

Економскиот раст на Мозамбик во 2015-та година ќе изнесува седум отсто, а просечниот годишен раст до 2020-та година ќе изнесува осум отсто благодарение на колосалните инвестиции кои би требало да бидат вложени во наоѓалишта на гас на североистокот на земјата, предвидува ММФ.

Интернационалните нафтени гиганти, како италијанската компанија ENI и американската Anadarko се очекува да инвестираат стотици милијарди долари во басенот Ровум, каде се откриени големи количини на гас.

Овие резерви би можеле да го направат Мозамбик трет најголем извозник на природен гас на светот. Оваа држава исто така има огромни количини на резерви на јаглен.

Централната банка на Мозамбик во најновата проценка очекува дека економскиот раст годинава  ќе изнесува 7,5 отсто, а во 2016 година растот ќе биде околу седум отсто.

Според оваа институција, инфлацијата во следната година не треба да надмине пет отсто. Банката соопшти во септември дека девизните резерви паднале на 2,3 милијарди долари од 4,6 милијарди долари од декември 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП