3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC ги израдува инвеститорите со приходи од 6,1 милијарди долари

HSBC ги израдува инвеститорите со приходи од 6,1 милијарди долари

hsbc 3022

Британската банка „HSBC“ евидентираше во третиот квартал скок на профитот од 32 отсто на годишно ниво.

Меѓутоа, банката забележа и пад во приходот поради пазарната нестабилност во Азија, каде што таа главно работи.

Извршниот директор на „HSBC“, Стјуарт Гуливер изјави дека мерката за намалување на трошоците донела резултати, но и дека пред банката има доста работа.

Профитот пред оданочување порасна на 6,1 од 4,6 милијарди долари во споменатиот период, додека приходите се намалени за четири отсто или на 15,1 милијарди, наведува банката, која во јуни најави дека ќе ја намали вкупната работна сила за 50.000 луѓе и ќе ги продаде филијалите во Бразил и Турција со цел да ги намали трошоците. Банката исто така ја разгледува можноста за преселба на седиштето од Велика Британија.

Растот на профитот пред оданочување, дел е разултат на помалите трошоци во име на парници.

Британските и американските регулатори минатата година ја казнија „HSBC“ поради обидот за манипулација со девизните курсеви, а во Франција и другите земји се уште трае истрага поради тоа што банката им помагала на своите богати клиенти да ги сокријат парите од даночниците на сметки во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП