17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

ujp 32

Граѓаните кои имаат заостанати долгови за Радиодифузна такса се повикуваат да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, повикуваат од УЈП.

Доколку не се платени заостанатите сметки,од УЈП најавуваат дека од 15 ноември ќе почне со присилна наплата кон должниците на оваа јавна давачка.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери,
граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта.

УЈП доставува известување до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП