24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува Саемот на студии во Франција

Почнува Саемот на студии во Франција

studii francija

Вo понеделник, 2-ри ноември, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Саемот на студии во Франција, во организација на Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование Кампус Франс во Скопје.

Саемот ќе биде официјално отворен во 12.30 часот, од страна на Н.Е. Лоранс Оер, Амбасадор на Франција и Абдулаќим Адеми, министер за образование.

Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни (поранешни и/или сегашни француски стипендисти и дипломци) на околу 30 француски универзитети. Тие ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните за студирање во Франција. Воедно, предвидена е и програма за он-лајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.

Освен тоа што студентите, професорите и родителите ќе можат конкретно да се информираат за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, на овој саем ќе биде промовирана и новата програма за пракса во успешни француски компании.

Овој настан е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција, кој посетува повеќе земји на Балканот: Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП