19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕУ платите и пензиите се многу повисоки за мажите отколку за...

Во ЕУ платите и пензиите се многу повисоки за мажите отколку за жените.

plati mazi zeni

И покрај законите за право на еднаква плата, жените во ЕУ сеуште во просек од 16 проценти се помалку платени од мажите и имаат пониски пензии за дури 39 отсто.

Со споредување на годишните плати на мажите и жените, произлегува дека жените од 2-ри јануари до крајот на годината работи бесплатно, што значи дека работат 59 дена подолго во годината за иста плата, како и мажите, објави во петокот Европската комисијата. Покрај тоа, Комисијата го одбележува 2-ри јануари, како ден на нееднаквост во платите меѓу мажите и жените.

„Еднаквоста меѓу мажите и жените е една од темелните вредност на ЕУ, но овој ден не потсетува дека не е една од основите на реалноста“, вели потпретседателот на Европската комисија, Франс Тиммерманс.

„Разликата во платите меѓу мажите и жените вака краткорочно гледано е нечесно, неправедно и неприфатливо, но на подолг период оваа разлика за време на работниот век на жените резултира со поголема разлика во пензиите, која е за 39 проценти помала од пензиите на мажите“, се наведува во изјавата.

Комисијата наведува дека ЕУ има закони за еднаквост на платите, но тие не се спроведуваат во земјите членки. Разликите во платите постојано се намалува, но многу бавно и несоодветно. Со сегашниот ритам, платите меѓу мажите и жените ќе се изедначат за 70 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП