16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките бродови ќе останат на пристаништата поради 48-часовен штрајк

Грчките бродови ќе останат на пристаништата поради 48-часовен штрајк

docked_ships_strike

Сите бродови во Грција денеска ќе останат на пристаништата поради 48-часовен штрајк, свикан од морскиот синдикат против новите мерки за штедење на владата, кои ќе влијаат во секторот, соопштуваат грчките медиуми.

Од морскиот синдикат побарале бродските компании кои превезуваат мигранти и бегалци, да не патуваат во деновите на штрајкот.

„Борбата со која денес почнуваме, не е само борба за грчките морнари, туку и за целото грчко општество. Новата лавина од дополнителни мерки и политики, не остава никакво поле за избор“, се вели во соопштението на морскиот синдикат.

Штрајкот цели да ги спречи промените во пензиите на морнарите во рамките на реформата на грчкиот пензиски систем, утврдени во согласност со ангажманите, превземени од Атина кон меѓународните кредитори во замена на третиот спасувачки план.

Грчките синдикати исто така повикаа за генерален штрајк на 12-ти ноември, која ќе биде првиот по повторното доаѓање на власт на СИРИЗА во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП