Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Во понеделник, поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 14:30 – 16:30 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.