21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПакомак донираше 80 пластични контејнери за селектирање отпад на ЈП „Комунална хигиена“

Пакомак донираше 80 пластични контејнери за селектирање отпад на ЈП „Комунална хигиена“

kontejneri

Новите 80 пластични контејнери кои беа дадени на Град Скопје како донација од ДОО “Пакомак” – Скопје, беа презентирани во недела во рециклажниот двор на ЈП “Комунална хигиена” во Карпош.

На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП “Комунална хигиена”, Ракип Дочи и извршниот директор на “Пакомак”, Филип Ивановски.

„Станува збор за донација на 80 пластични контејнери, кои се со специјална форма во вид на ѕвоно со наменски определен отвор за одлагање отпад, а празнењето ќе се врши со отворање на дното со кревање од специјално возило приспособено за таа намена. Контејнерите се со капацитет од 1,5 кубни метри и истите се во три бои во зависност од видот на отпадот кој ќе се одлага во нив. Сакам да потенцирам дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри јавната хигиена и чистота во Скопје, а со ова за првпат во Република Македонија ќе започнеме и со собирање на селектиран отпад од стакло“, изјави Трајановски.

Директорот Дочи се заблагодари до компанијата “Пакомак” за оваа донација со што продолжува одличната соработка на претпријатието и Градот со оваа компанија.

„Во наредниот период стручните служби на претпријатието и Градот Скопје ќе ги утврдат локациите каде што ќе бидат поставени овие контејнери. Ние како претпријатие подготвени ја дочекавме оваа донација, каде набавивме и адаптиравме едно специјално возило за собирање на отпадот од овие контејнери. Возилото има капацитет да собере отпад во тежина од 8 тона, додека специјалната кранска рака на возилото може да крене контејнер со тежина до пет тони“, изјави Дочи.

Директорот на “Пакомак” Ивановски изјави дека со оваа донација се продолжува одличната соработка со Градот и “Комунална хигиена” и дека со овие садови ќе се одговори на потребите на граѓаните. Тој најави дека собирањето на отпадот ќе се организира во денови, поточно во еден ден ќе се собира само еден вид на отпад со што нема да дојде до негово мешање.

Присутните апелираа до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат новите контејнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП